Џон Џонс: Можев да се борам со Нгану, но тој излезе од УФЦ

Поранешниот шампион во полутешка категорија и актуелен шампион на УФЦ во тешка категорија, Џон Џонс (27-1-1) изјави дека е подготвен да се бори со поранешниот шампион во тешка категорија Френсис Нгану (17-3).

Ова беше борбата за која УФЦ преговараше со Нгану. Френсис бил категоричен дека сака да стане слободен агент бидејќи не бил доволно платен. „Предаторот“ сакаше и боксерски борби, а УФЦ не го дозволуваше тоа.

Дaна Вајт откри дека Нгану одбил 8 милиони долари за да се бори со Џонс. Исто така, одби и договор со кој би станал најплатен тешкаш во историјата на УФЦ.

Нгану на крајот замина а Џон Џонс го победи Сирил Гане и ја освои титулата. Френсис сега се подготвува за своето боксерско деби против Тајсон Фјури. Џонс, пак, во ноември ќе се бори со Стипе Миочиќ.

Има и такви кои велат дека Џонс го одложил своето деби во тешка категорија за да го избегне Нгану. „Коски“ ги побива овие тврдења.

„Смешното е што наративот се промени. Сите велат дека чекав три години и се вратив токму кога Френсис замина. Всушност не е така.

Кога се вратив, Френсис сè уште беше во списокот на УФЦ. Можев да бидам неговата последна борба, но наместо тоа тој си замина и беше заменет со Сирил Гане.

Се враќам подготвен за Френсис Нгану, тоа е сигурно. Иако нема да лажам. Знаејќи дека наместо со Френсис ќе се борам со Гане, беше прилично убаво“, рече Џонс во подкастот ОверДогс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bony (@jonnybones)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО