Џон Џонс: Килограмите не значат дека сте подоготвени за тешка категорија

Легендарниот Џон Џонс сфаќа дека ќе му треба повеќе од килограм за да биде подготвен за тешка категорија. „Коски“ веќе се здебели и планира да го нападне појасот во тешка категорија во 2021 година.

Извлекол поука од поранешнот ривал Александар Густафсон кој дебитираше во тешка категорија пред неколку месеци, но загуби од Фабрицио Вердум во првата рунда.

Џон се обидува да промени сè во себе пред оваа важна транзиција и изјави дека е целосно посветен на здрава работа.

„Мислам дека Густафсон не го стори тоа како што треба. Само затоа што сте качиле неколку килограми, не значи дека сте подготвени да се борите со оние кои биле во тешка категорија цел живот. Треба да одвоите време да видите како се чувствувате и да го пронајдете ритамот.

Кога сте подготвени, тогаш станувате и започнувате да се борите. Се обидувам да променам сè. Има момци кои се многу поголеми од мене. Не престанувам да се подготвувам. Јас сум посветен“, рече Џонс.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО