Џон Џонс израдува центар за сејмено насилство со подароци (ФОТО)

Поранешниот шампион во полутешка категорија Џон Џонс не престанува да работи со добротворните активности. 33-годишниот Американец е вклучен во добротворна организација која често им помага на луѓето во неволја.

Овој пат „Коски“ и организацијата Ц.А.Р.Е. ги израдуваа луѓето што се сместени во центар за семејно насилство. На својот профил на социјалните мрежи Џонс покажа фотографии и им се заблагодари на сите што беа дел од добротворната работа.

Џон не престанува да се подготвува за дебито во тешка категорија и затоа ја дигна тежината. Тој ќе добие шанса за титулата во тешка категорија налето или наесен. Негов противник ќе биде победникот од битката меѓу Стипе Миочиќ и Френсис Нгану.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON