Хорхе Масвидал прифаќа реванш со Камару Усман

Хорхе Масвидал го прифати предизвикот од Камару Усман. Нигерискиот кошмар ја одбрани титулата со победа над Жилберт Барнс викендов во Лас Вегас. Усман беше на многу високо ниво и го нокаутира Барнс во 3-тата рунда откако беше соборен во првата од Жилберт. Камару беше многу лут по битката и ги повика луѓето да почнат да го почитуваат.

Тој одговори на заканите од Хорхе Масвидал и го предизвика на втора битка. Малки Кава, кој е менаџер на Масвидал, рече дека ја прифаќаат понудата на Усман и дека се подготвени за втор меч. Масвидал сака двајцата да бидат тренери на ТУФ, што УФЦ го планира за налето.

Првата борба меѓу Масвидал и Усман ја видовме во средината на 2020 година во Абу Даби. Најлошото копиле ја прифати со 6 дена известување и се претстави добро, но загуби со одлука на судиите. Гејмбред се закани дека ќе му ја земе главата на Усман, кој пак избувна и рече дека ќе го стави во ковчег.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО