Џон Џонс и Стипе Миочиќ ќе се борат на лето

Дана Вајт изјави кога ќе се случи борбата меѓу шампионот на УФЦ во тешка категорија Џон Џонс и Стипе Миочиќ.

Борбата меѓу нив требаше да се случи во ноември минатата година во Њујорк. За жал, Џонс заработи повреда и се повлече од натпреварот. Ова го принуди УФЦ да создаде привремена титула, која ја освои Том Аспинал, кој го нокаутира Сергеј Павлович. Том сега е принуден да го чека Џонс, кој сака да се бори со Стипе.

Вајт е категоричен дека Миочиќ и Џонс ќе се борат меѓу себе и покрај тоа што Аспинал е привремен шампион. Џонс – Миочиќ ќе се случи налето.

„Закрепнувањето на Џон Џонс оди доста добро. Тој и Стипе Миочиќ ќе се борат налето. Том Аспинал работи напорно и е подготвен да се бори исто така. Неговата борба ќе се одржи пред борбата меѓу Џонс и Миочиќ.

Том е подготвен да го предизвика секој борец, не му е грижа. Тој е уверен дека може да излезе и да покаже кој е најдобриот тешкаш во моментов“, рече Вајт на Јутјуб каналот на Спортснет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО