Џон Џонс го откажа мечот против Миочиќ поради повреда (ВИДЕО)

Еден од најочекуваните натпревари оваа година е откажан. Џон Џонс се повреди на тренинг и го откажа настапот против Стипе Миочиќ на настанот УФЦ 295 кој ќе се одржи на 11 ноември во Њујорк.

Веста за повредата на Боунс ја соопшти претседателот на УФЦ, Дана Вајт, кој откри дека нема да биде подготвен за борба.

Џонс се повреди на тренинг, односно ја повреди тетивата на рамото и нема да може да настапи за две недели на настанот во Медисон сквер гарден. Мора да оди на операција.

Главниот меч на настанот ќе биде за титулата во полутешка категорија меѓу Јиржи Прохаска и Алекс Переира, додека во конасловната борба ќе се соочат Сергеј Павлович и Том Аспинал во дуел за појасот на привремениот шампион на тешка категорија.

Тоа требаше да биде прв настап на Миочиќ по пауза од повеќе од две и пол години кога загуби од Френсис Нгану со нокаут во втората рунда во март 2021 година.

Рекордерот на УФЦ во тешка категорија за најмногу одбрани на титули и освоени титули го освои првиот појас во 2016 година против Фабрицио Вердум, а потоа го бранеше против Алистер Оверем, Жуниор дош Сантос и Френсис Нгану.

Американскиот борец со хрватски корени долго време се надеваше на нова можност да се искачи на тронот на УФЦ, а таа пристигна откако на промоцијата договори меч со Џонс, еден од најдобрите ММА борци на сите времиња.

Непоразениот шампион во полутешка категорија ја држеше титулата од 2011 до 2020 година, а во март оваа година дебитираше во тешка категорија и ја освои титулата во кралската дивизија со победата против Сирил Гане.

Во видеото погледнете го моментот кога Буонс се повреди:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON