Џон Џонс „ги воспитува“ хулиганите на протестите во САД (ВИДЕО)

Шампионот на УФЦ во полутешка категорија и еден од најдобрите борци на сите времиња, Џон Џонс излезе да протестира против убиството на Џорџ Флојд.

Џонс излегол на улиците на Албукерки, но не бил задоволен од тоа што го видел.

Сакал да протестира мирно, но хулиганите создале хаос и влегле во судир со полицијата.

Џонс не го сакал тоа, па пробал да ги превоспита .

“Дали ова срање има веќе врска со Флојд? Зошто го уништувате нашиот град? Јас, исто така, сум фрустриран, како млад црнец, но ова не е вистинскиот начин. На овој начин ние само ја отежнуваме ситуацијата. Ако навистина го сакате нашиот град, водете сметка за тоа. Мораат да зборуваат и да ги поканат членовите на семејството да се вратат дома!“, напиша Џонс на Инстаграм.

https://www.instagram.com/p/CA4ZUtPltOD/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON