Џон Џонс ги избира петте најдобри борци во историјата, себе се стави на прво место

Идниот викенд најголемата светска ММА организација ќе добие нов шампион во тешка категорија.

Џон Џонс ќе дебитира во тешка категорија на УФЦ 285 против францускиот борец Сирил Гане.

Доколку Буонс го освои појасот, повторно ќе стане актуелна темата кој е најголемиот борец во историјата на слободните борби.

А Џонс во последното интервју ги избера петте најдобри во историјата.

„Мојот топ 5. Па, јас би се ставил на прво место, а потоа се Андерсон Силва, Жорж Сент Пјер, Хабиб Нурмагомедов и Жозе Алдо“, истакна Џон Џонс, а за Хабиб продолжи:

„Брилијантно го промовира спортот. Имавме некои несогласувања, но никогаш немаше лоша крв меѓу нас. Ми се допадна неговото однесување и како ја претставуваше својата земја. Тој е одличен бизнисмен и добар со сите. Тој е коректен и човек за восхит“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО