Џон Џонс е голем фаворит против Стипе Миочиќ

Обложувалниците ги објавија коефициентите за борбата меѓу Џон Џонс и Стипе Миочиќ.

Минатиот викенд на УФЦ 285 во Лас Вегас Џонс ја освои титулата во тешка категорија. Легендарниот борец го задуши Сирил Гане за 2 минути и седна на тронот на тешкашите.

Во публиката беше и Миочиќ, кој е поранешен шампион во тежинската категорија. Џонс го предизвика, а Миочиќ не се двоумеше и веднаш го прифати предизвикот.

Нивната борба се очекува да се одржи во јули. Стипе сега има 40 години и навести дека ова најверојатно ќе биде неговата последна борба. Ако го победи Џонс, тогаш сигурно ќе ги остави ракавиците на средината на кафезот.

Букмејкерите сепак не му даваат големи шанси на средбата.
Коефициент за победа на Џон Џонс – 1,28
Коефициент за победа на Стипе Миочиќ – 3,95

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО