Џоф Нил бил во критична состојба

Борецот во лесна категорија на УФЦ, Џоф Нил, се врати дома откако беше пренесен во болница.

Џоф требаше да се бори со Нил Магни на крајот на месецот, но еден ден пред тоа се повлече од борбата, затоа што беше во тешка состојба пред умирање. 29-годишниот Американец е во серија од 7 последователни победи и има добиено 10 од последните 11 средби. „Ханц од челик“ сè уште нема пораз во УФЦ. За време на тренинг кампот се чувствуваше лошо.

Сејф Сауд, кој е негов менаџер долги години, реши да сподели повеќе информации за хоспитализација на неговиот борец.

„Неколку дена не знаевме дали ќе преживее. На 2 август беше примен во болница како итен случај. Разговарав со медицинската сестра и таа ми рече дека треба веднаш да го стават во одделението за интензивна нега. Срцето ми се откорна кога ги слушнав тие зборови. Лекарите рекоа дека бројот на неговите бели крвни зрнца е 20.000, што вообичаено треба да бидат 12.000. Неговото тело се бореше со нешто, но не знаеја точно со што. Сè уште не знаат“, изјави Сауд за ЕСПН.

Сауд рече дека срцето на неговиот борец почнало да откажува, а тестот за коронавирус бил негативен. За среќа, Нил сега е подобар и се опоравува во својот дом.

https://www.instagram.com/p/CDsRsB2J5bP/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО