Џо Роган е импресиониран од физичката форма на Конор Мек Грегор. Големата ѕвезда на УФЦ се здебели многу и ќе биде многу тешко да се симне до лесна категорија. Долгогодишниот коментатор на УФЦ верува дека „Озлогласениот“ наскоро ќе го посети УСАДА за да биде тестиран за забранети супстанции.
Мек Грегор продолжува да се фали со својата форма, а неколку негови колеги го обвинија дека змеа забранети супстанци. Мек Грегор продолжува да се опоравува од скршеницата на ногата во третата битка со Дастин Пориер во јули.
Неговото враќање е можно во летото 2022 година.
„Сега Конор е толку возбуден. Наскоро луѓе од УСАДА ќе го посетат бидејќи изгледа многу чудно. Можеби, се разбира, овие фотографии се направени во процесот на кревање тегови.
Ова може да влијае на целата слика, но сега Мек Грегор изгледа навистина импресивно“, истакна во својот подкаст Роган.