Џо Роган: Хамзат Чимаев е стравотен убиец

Џо Роган не штедеше суперлативи за Хамзат Чимаев.

Коментаторот на УФЦ зборуваше за очекуваната борба меѓу Чимаев и Нејт Дијаз. Тие ќе се борат во полусредна категорија. Нивната борба ќе биде главна на настанот УФЦ 279 на 10 септември во Лас Вегас.

„Хамзат е крвав убиец. Страшен човек. Тој е стравотен и навистина е добар. Чимаев е кул и голем.

Треба да се плашиш од него затоа што е убиец. Кога влегува во кафез, се обидува да те најде и да те уништи. АНејт Дијаз ја бара таа борба! Нејт дури сакаше да се бори со Френсис Нгану.

Нејт ја се бори како никој друг пред него. Овој фраер е див“, рече Роган на подкастот на Јутјуб изминатиов викенд.

Чимаев е голем фаворит во оваа борба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО