Џо Роган: Фјури нема да преживее во борба без правила со Џон Џонс

Познатиот коментатор на УФЦ Џо Роган изјави дека непоразениот британски боксер Тајсон Фјури нема шанси во потенцијалната борба со шампионот на УФЦ во тешка категорија, Џон Џонс. Речиси сите љубители на боречките спортови веруваат дека штом сте шампион во тешка категорија, тогаш сте најопасната личност на планетата.

Според таа логика, Џонс и Фјури се двајца од најопасните луѓе на светот. Ова тешко може да се оспори. Но, што ќе се случи ако двајцата влезат во просторија за да се пресметаат во борба без правила? Секој има свое мислење за оваа тема, а Роган како искусен аналитичар реши да ни помогне со одговор на ова прашање.

„Дали некој мисли дека Фјури ќе го победи Џонс? Никој не мисли така, вклучувајќи го и Тајсон. Сакате да зборувате за тоа која е најопасната личност на планетата?

Ако Џонс и Фјури се во иста просторија, ќе ги обложам сите мои чипови на Џонс. Тајсон Фјури е неверојатен боксер, но нема шанси да ја напушти оваа соба. Нула шанса“, рече Роган на неговиот подкаст.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bony (@jonnybones)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО