Џо Роган: Џон Џонс сака 30 милиони за борбата со Том Аспинал

Џо Роган откри дека Џон Џонс барал 30 милиони за борбата со Том Аспинал.

Легендарниот коментатор на УФЦ ги слушнал овие гласини и се надева дека УФЦ ќе плати на „Боунс“ за да има таква борба. Има многу смисла за таква борба во моментов, бидејќи Џонс е неприкосновен шампион во тешка категорија, а Аспинал ја држи привремената титула. Џон во ноември ја одбрани титулата со победата над Стипе Миочиќ и најави дека нема да се повлече од ММА.

Тој рече дека е подготвен да се бори со Аспинал, но ќе преговара со УФЦ бидејќи сака многу пари. Џонс за медиумите изјави дека сака толку многу пари што не е важно дали ќе победи или изгуби. Се уште нема извесност околу преговорите и во која фаза се тие. Сепак, Роган слушнал дека барањето на Џонс е плата од 30 милиони долари.

„Постојат гласини дека Џонс сака 30 милиони долари за да се бори со Аспинал. УФЦ ќе му плати“, рече Роган на својот поткаст.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Full Violence ™ (@fullviolence)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО