Тренерот на Александар Волкановски смета дека Илија Топурија тешко ќе се справи со неговата сила.
Волкановски (26-3 ММА, 13-2 УФЦ) ја брани титулата во перо категорија против Топурија (14-0 ММА, 6-0 УФЦ) на главниот настан на УФЦ 298 на 17 февруари во Хонда центарот во Анахајм, Калифорнија.
Џо Лопез, долгогодишниот главен тренер на Волкановски, го предупредува Топурија дека работите нема да одат добро за него ако борбата оди на подот.
„Да видиме како се чувствува Илија кога Волк е над него и уште полошо кога Волк ќе ги стави рацете врз него“, изјави Лопез во интервју за „Време е за спорт“. „Ако Алекс го зграпчи, ќе ја почувствува моќта и зошто тогаш го нарекуват „Хулк“. Тој ја има таа неверојатна моќ“.