ЏК Олимп од Грузија севкупен победник на „Прилеп град херој 2024″- Цевитана куп

Заврши 14-то издание на традиционалниот Меѓународен турнир „Прилеп град херој 2024″- Цевитана куп во организација на Џудо клубот Сеишин – Прилеп, а севкупен победник на е ЏК Олимп од Тбилиси, Грузија.

Најуспешни клубови по возрасни категории и добитници на пехари на овој турнир се:

Деца момчиња (У 11): ЏК Олимп – Грузија;
Деца девојчиња (У 11): ЏК Сеишин  -Прилеп;
Помлади пионери (У 13): ЏК Олимп Грузија;
Помлади пионерки ( У13): ЏК Ипон Пирот Србија;
Пионери (У 15): ЏК Олимп – Грузија;
Пионери ( У 15): ЏК Илиополис АЦ Атина – Грција;

На турнирот настапија 30 клубови од 8 држави (Грузија, Шкотска, Кипар, Грција, Србија, Албанија, Бугарија и Македонија) со околу 300 натпреварувачи.

Посебен придонес со својата посета на овој турнир дадоа специјалните гости и истакнати џудисти, своевремено шампиони, спортски работници и носители на највисоки одличја во џудо спортот од Србија: Павле Бајчетиќ 8 дан, Славко Станишиќ 8 дан, актуелен и 5 кратен светски шампион за ветерани, Љубомир Станишиќ 7 дан, Павле Буљчик 3 дан и д-р Зоран Манчев.

Домаќинот Сеишин е задоволен од целокупната организација и се заблагодарува на сите кои помогнаа во организацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON