Македонската џиу џица репрезентација денес пристигна во Франција на Европско првенство за У-16, У-18 и У-21 во Веркуин, од 9 до 12 март.
Нашата репрезентација ќе настапи со: Данил Николиски, Јаким Колевски, Зоран Колевски (настапуваат во сабота), Катерина Ацевска и Ева Димитрова (во недела).
Селекцијата ја води селектор Александар Ацевски во тандем со тренерот Христијан Јованов.
На ЕП настапуваат 1170 натпреварувачи од 31 земја.
„Во сите категории преку 15 борци. Кај Јаким и кај Данил по 21 борец во категорија. Натпреварувачите се подготвени и физички и психички. Утре имаат мал одмор, а во сабота и недела се борбите.
Очекувам квалитетни борби и најважно да немаме повреди. Ова Европско првенство ќе биде одлична прилика за стекнување на искуство. Се разбира дека освојување на медали и тоа како ќе не израдува“, изјави селекторот Александар Ацевски.