Поранешната шампионка во сламка категорија Џесика Андраде ќе го направи своето деби во мува категоријата. Таа ќе се бори со Џесика Ај, поранешна предизвикувачка за титулата. Нивната средба ќе биде дел од борбената картичка на УФЦ 254 во октомври.
Андраде ќе стане само втората натпреварувчка во УФЦ што ќе се бори во 3 различни категории. Бразилката може да се пофали со борби во сламка и петел категорија.
Андраде има скорд од 20-8 во ММА и е во серија од два последователни порази. Пред една година ја загуби титулата од Вејл Жанг, а на почетокот на овој месец загуби од Роуз Намахунас.
Ај има скор од 15-8-1 во ММА, а во последната борба,минатиот месец, загуби од Калвио. Ај има добиено само една од последните три борби во УФЦ.
https://www.instagram.com/p/CDSossnJkr0/