Сент Пјер: Со нетрпение чекам да ги гледам Хабиб и Гејџи

Легендарниот борец Жорж Сент Пјер е возбуден што Дана Вајт даде зелено светло за битка меѓу него и Хабиб Нурмагомедов.

Сент Пјер се повлече од ММА на почетокот од минатата година, откако УФЦ не му одобри средба со непоразениот Дагестанец. „Раш“ сакаше борба со Хабиб, бидејќи тоа беше важно за неговоит историјат во спортот. За жал, тоа не се случи тогаш, но сега работите се менуваат. Овој месец таткото на Нурмагомедов почина по долго боледување.

Сонот на Абдулманап Нурмагомедов беше Хабиб да се пензионира со скор 30-0 и да се бори против Жорж Сент Пјер. Хабиб во моментов има скор 28-0 во ММА и и во октомври ќе ја брани титулата против привремениот шампион Џастин Гејџи. „Орелот3 рече дека сака битката со Сент Пјер да се одржи во април 2021 година. Очигледно и Сент Пјер гори од желба и рече дека со нетрпение ја очекува средбата на Хабиб со Гејџи.

„Пекол, само кога помислив дека ќе одморам. Не можам да дочекам да ја гледам битката меѓу Хабиб Нурмагомедов и Џастин Гејџи во октомври. Среќно и на двајцата“, изјави Сент Пјер за ЕСПН.

https://www.youtube.com/watch?v=OdI1hlJ0BW0&feature=emb_logo

https://www.instagram.com/p/CCry6CeJwLX/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО