Џервонта Дејвис со одличен нокаут го сопре Ромеро и го прозва Рајан Гарсија (ВИДЕО)

Ова го потврди неговото прво место на рангирањето на BoxRec.

По хаосот на мерењето и сите останати тензии кои се случуваа до самиот натпревар, самата борба се одвиваше во малку поинаква атмосфера. Не видовме премногу акции во првите пет рунди; борците тактички и концентрирано си ја завршија работата. До прекинот Џервонта водеше со минимална разлика од 48-47, или во превод 3-2 во рунди. Половина минута пред крајот на шестата рунда Ромеро тргна напред и токму на средината од серијата удари на Џервонта, брилијантно возврати со прецизно лево кроше од кое Ромеро веднаш падна на подот.

Ромеро успеа да застане на нозе пред да заврши броењето, но беше очигледно дека едвај стоеше на нозе и судијата одлучи дека борбата е завршена. Џервонта прво славеше голема победа, а потоа го повика Рајан Гарсија на меѓусебен дуел. За Ромеро ова беше прв пораз во професионалната кариера.

Џервонта Дејвис многумина го сметаат за најдобриот борец во лесна категорија и покрај жестоката конкуренција. Иако немаше голема аматерска кариера, сепак, во професионалниот бокс успеа да направи одлични резултати и да се пробие како една од големите ѕвезди и потенцијалните боксерски „златни кокошки“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SHOWTIME Boxing (@showtimeboxing)

Некои од поголемите имиња што ги има победено во боксот се Јуриоркис Гамбоа, Лео Санта Круз, Марио Бариос и Исак Круз. Против Лео Санта Круз го испорача еден од најдобрите нокаути со аперкат на сите времиња, додека против Исак Круз покажа дека може да остане концентриран и смирен дури и кога е под голем притисок. Имено, според многумина, Исак Круз требаше да го добие мечот, бидејќи тој беше напаѓачот и ја водеше борбата, но сепак преовладуваа нијансите во вид на прецизни удари на „Танк“ Дејвис.

На ранг-листата на BoxRec, Џервонта е на првото место во лесна категорија, а потоа следат шампионот WBA (супер), ИБФ и ВБО, Џорџ Камбосос Јуниор, Теофимо Лопез, шампионот на ВБЦ Девин Хени и познатиот Украинец Васил Ломаченко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON