Џермејн де Рандами и Јулијана Пења ќе се сретнат во октомври

Џермејн де Рандами и Јулијана Пења ќе се борат во петел категорија на 3 октомври на настанот на УФЦ во Абу Даби или Лас Вегас. И двете се искусни спортистки и нивната средба сигурно ќе биде интересна.

Џермејн има скор 9-4 во ММА и доаѓа откако изгуби битка за титулата од Аманда Нунеш. 36-годишната спортистка беше во серија од пет последователни победи. Пред една година, Де Рандами успеа за 16 секунди да ја нокаутира Аспен Лад, што и гарантираше шампионски дуел. Џермејн е поранешна шампионка во перо категорија, а титулата и беше одземена затоа што пред неколку години одби да ја брани против Крис Киборг.

Пења има скор 9-3 во ММА. Во средината на минатата година, таа се врати по скоро три години отсуство. Јулијана ја совлада Нико Монтана со одлука на судиите и на тој начин победи во 5 од последните 6 битки. Таа во УФЦ загуби само од Валентина Шевченко. Пења е победник на Ултимејт фајтер 18 во петел категорија.

https://www.instagram.com/p/CDIenZupoR3/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON