Џејсон Дејвид Френк, најпознат по улогата на Томи, оригиналниот грин ренџер во Mighty Morphin Power Rangers, почина на 49-годишна возраст. Медиумите во САД наведуваат дека причината е самоубиство. Роден во Калифорнија, Френк ја доби улогата како Томи Оливер во франшизата Пауер ренџерс во раните 1990-ти.
Првично било планирано да се појави во 14 епизоди, ликот на Френк беше толку сакан од обожавателите што беше вратен и стана главен дел од актерската екипа пред на крајот да се појави во 123 епизоди од серијата.
Френк продолжи да се појавува во различни проекти на Пауер ренџерс, вклучувајќи два филма објавени во 1995 и 1997 година. Покрај неговата актерска кариера, Френк бил доживотен ентузијаст за боречки вештини како црн појас 8 дан во шотокан карате, како и црн појас во таеквондо и џудо.
Тој има и виолетов појас во бразилско џиу-џицу. Во 2009 година Френк ја објави својата намера да се префрли на ММА, откако го тренираше поголемиот дел од својот живот. Имаше аматерска кариера во која забележа 4 победи и 0 порази, а се натпреваруваше во Тексас и Вирџинија.
Џејсон го направи своето професионално деби во ММА во 2010 година кога победи со завршница во првата рунда против Хозе Васкез во борба под знамето на промоцијата на Тексас кејџ фајтинг. Долгогодишниот ММА менаџер на Френк, Брајан Батлер од Сукерпанч ентертејнмент му оддаде почит на својот клиент со објава на Инстаграм.
View this post on Instagram
Френк зад себе остава 4 деца.