Познатиот блогер и боксер Џејк Пол критички проговори за Конор Мек Грегор.
„Проблематичното дете“ со години ја брка борбата со Мек Грегор, но таа никогаш не се оствари. Џејк верува дека може да го нокаутира Ирецот и во бокс и во ММА. Конор ретко му обрнува внимание и не е импресиониран од Американецот.
Викендов Пол ќе се бори со стар познаник на Мек Грегор. Џејк се соочува со Нејт Дијаз во боксерски меч што ќе се одржи во Далас, Тексас. Пол беше активен во медиумите пред неговата борба и не пропушти да ја навреди ѕвездата на УФЦ.
„Конор Мек Чикен е алкохоличар и наркоман. Овој човек е во неволја, ќе оди во затвор. Сега не размислува за борба. Во моментов е посветен да остане слободен“, изјави Пол за ММА фајтинг.
View this post on Instagram