Времињата се менуваат. Времето кога Конор Мек Грегор беше добар и почитуван борец одамна гo нема. Сега дури и обичен јутјубер како Џејк Пол не верува во него.
Џејк Пол веќе три години зборува за бокс меч со Мек Gрегор. Првично си задал услов да го победи Дастин Пориер за да има смисла нивната борба, а кога Конор не успеа и во тоа, на крајот се откажа од своето тврдење. Сепак, Џејк сега инсистира дека славниот ирски борец се соочува со пораз доколку сака да се испроба во боксот.
Мек Грегор и покрај долгото отсуство од борбите, денес важи за најголема ѕвезда во боречките спортови. Во јуни, Конор ќе се врати да се бори со Мајкл Чендлер во Лас Вегас. Ова ќе биде претпоследна борба за Мек Грегор според договорот со УФЦ. Пол се подготвува за боксерски меч со Мајк Тајсон во јули во Тексас.
Џејк е подготвен да го победи Тајсон, а потоа и Мек Грегор:
„Кога го започнав овој спорт, им ветив на навивачите дека ќе станам светски шампион. Како што можете да видите, го поминав мојот пат до борбата со Мајк Тајсон и јасно ми е дека ако го победам, што планирам да го направам, ќе бидам чекор поблиску до постигнување на мојата цел. Другото ветување што го дадов е да ги победам Нејт Дијаз и Конор Мек Грегор. Го соборив Нејт, таму го исполнив ветувањето, но сè уште не знам за Конор.
Овие преговори не се толку далеку како што многумина мислат, јас сум прилично загрижен за неговото здравје, бидејќи за разлика од мене тој одамна не е во својата оптимална форма. Конор денес живее само од своето име. Тоа е само борба за пари за мене, исто како што јас сум борба за пари за него.
Но, погодете што ќе се случи ако се бориме. Секако дека би победил, без сомнение. Конор не е толку добар боксер како што сум јас. Но, прво ќе го победам Тајсон, а ако Мек Грегор во меѓувреме не претрпи штета од Чендлер, тогаш можеме да се бориме“, изјави Пол.
View this post on Instagram