Џастин Гејџи се сомнева дека Пориер ќе го прифати реваншот

Американскиот ММА борец Џастин Гејџи минатиот месец со мнозинска одлука го победи Азербејџанецот Рафаел Физиев.

По тој триумф започна приказната дека следен противник на Гејџи треба да биде Дастин Пориер.

Тие се бореа во октагонот пред пет години, а Пориер беше поуспешен, победи со прекин во првата минута од четвртата рунда.

Но Џастин се сомнева дека Дастин ќе прифати реванш.

„Не можете никого да натерате да се бори. Не знам дали сака да се бори со мене, бидејќи веќе заработи многу пари и повеќе не му требаат. Но, се надевам дека ќе ја прифати мојата прозивка, иако имам некои информации дека тоа не го интересира. Но, затоа продолжувам“, рече Џастин Гејџи и додава:

„Сè уште барам противник, а ако Дастин каже „не“, не е важно. Иако мислам дека Дастин не заврши со борбите. Допрва ќе се бори, а јас сум вистинскиот противник за него. Може да биде голем меч. Можам да му донесам повеќе од Дариуш. Се надевам дека ќе размисли кога ќе одлучи“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО