Џастин Гејџи се предомисли и му порача на Конор Мек Грегор да го потпише договорот

На Џастин Гејџи не му требаше многу време да се предомисли и да покаже интерес да се бори со Конор Мек Грегор. Минатиот викенд на настанот УФЦ 291 во Солт Лејк Сити, Хајлајт брутално го нокаутира Дастин Пориер со фантастичен десен „хај кик“ во втората рунда.

Тоа беше 25-та победа на Гејџи во професионалната кариера, што му го донесе златниот појас БМФ, наградата на УФЦ за најлошо копиле во светот.

Џастин по мечот доби многу честитки, но и повик од Конор Мек Грегор, кој напиша неколку пораки на Твитер: „Би ти удрил шлаканица. Јас сум единствениот вистински БМФ. Би го нокаутирал со еден удар“.

Американскиот борец му одговори на Ирецот и му рече дека „не сака да се бори со некој што зема стероиди“, но тој брзо се предомисли.

„Потпиши го договорот големо момче“, напиша Џастин Гејџи на Твитер.

Гејџи може да каже дека не сака борба против Мек Грегор, но знае дека овој меч може да му обезбеди убава заработка. И по неколку твитови од Конор, таа борба може да биде многу интересна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MMAFighting.com (@mmafighting)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON