Џaрел Милер се врати со победа по падот на допинг тестот и три години неактивност (ВИДЕО)

Го надбоксира недорастнатиот противник противник.

Поранешниот прв предизвикувач за светската титула која тогаш го држеше Ентони Џошуа, Џарел Милер, синоќа успешно се врати на боксот по три ипол години неактивност и падот на допинг тест. Да потсетиме, Милер имаше одлична серија од 23 победи без пораз во 2018 година и стана предизвикувач на Ентони Џошуа.

Само неколку дена пред мечот Милер падна на допинг тест и на тој начин ја загуби најголемата шанса во кариерата, а на негово место дојде Енди Руиз, кој потоа го победи Џошуа и му ги одзеде шампионските појаси на ВБА, ВБО, ИБО и ИБФ во тешка категорија.

На Џарел првично му беше понудена борба против хравтскиот тешкаш Агрон Смакичи, кој веднаш го прифати предизвикот, но Милер сепак се одлучи за полесна варијанта. Наспроти него синоќа застана прилично непознатиот тешкаш Ариел Естебан Бракамонте (11-8) кој е рангиран како 149. боксер во светот според рангирањето на BoxRec. Борбата отиде на судиска одлука, а по десет рунди победи Милер со едногласна одлука на судиите. Сите тројца судии ја бодуваа борбата идентично: 97-92. За Милер можеби беше паметна одлука да избере послаб противник за враќањето, само колку да се види во каква форма е во моментов.

Милер најтешко влезе во овој меч во целата своја кариера; имено, тој имаше 155 килограми, што можеби беше преголема разлика за противникот да му пружи квалитетен отпор. Ќе биде интересно да се следат неговите следни чекори во кариерата, и дали ќе се осмели да предизвика некој посериозен противник или уште некое време ќе се прилагодува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON