Џаред Канониер постави неверојатен рекорд со победата против Марвин Ветори

Американскиот борец Џаред Канониер доминираше против Италијанецот Марвин Ветори на настанот УФЦ на ЕСПН 47 во Лас Вегас и стигна до 17 победи во кариерата.

Тоа беше негова втора победа во низа откако пред една година загуби од Израел Адесања во борба за шампионскиот појас во средна категорија.

На мечот против Ветори Канониер постави неверојатен рекорд по бројот на најзначајни удари во историјата на дивизијата.

За време на борбата, според статистиката на УФЦ, зададе 241 значаен удар!

А до триумфот стигна по многу проблеми во првата рунда. Во продолжението сепак се смири и го најде вистинскиот ритам.

Трпеливо го изгради својот пат до победата и третото место во средната категорија зад шампионот Израел Адесања и Роберт Витакер.

По мечот Канониер побара уште една шанса да се бори со Израел Адесања.

Во конасловната борба Арман Царукјан го победи Жоаким Силва со прекин во третата рунда.

Резултати од УФЦ на ЕСПН 47:
Џаред Канониер – Марвин Ветори – едногласна одлука (49–45, 49–45, 48–46)
Арман Царукјан – Жоаким Силва – ТКО (удари), Р3 (3:25)
Армен Петросјан – Кристијан Лерој Данкан – едногласна одлука (30–27, 29–28, 29–28)
Пат Сабатини – Лукас Алмеида – завр. (гушење со рачентриаголник), Р2 (1:48)
Мануел Торес – Николас Мота – КО (лакт), Р1 (1:50)
Николас Далби – Муслим Салихов – едногласна одлука на судиите (30–27, 30–27, 29–28)

Воведни борби:
Алесандро Коста – Џими Флик – ТКО (лакти), Р2 (1:03)
Канг Кјунг-хо – Кристијан Кињонез – завр. (гушење од позади), Р1 (2:25)
Карлос Хернандез – Денис Бондар – едногласна одлука (30–27, 30–27, 29–28)
Тереза ​​Бледа – Габриела Фернандес – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Ден Аргуета – Рони Лоренс – без одлука (превртен), Р1 (2:20)
Модестас Букаускас – Зак Пауга – едногласна одлука (30–27, 29–28, 29–28).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО