Џамал Хил постави рекорд во дуелот со Бразилецот Гловер Тешеира.
Нивната борба беше нассловна на настанот УФЦ 283 викендов во Рио де Жанеиро. Џамал Хил победи со едногласна одлука и стана шампион во полутешка категорија.
Хил зададе 232 удари за 25 минути, што е нов рекорд на УФЦ во полутешка категорија. Џамал Хил има 14 професионални борби во ММА со 12 победи, еден пораз и едно реми.
Имаше доста луѓе кои тврдеа дека Тешеира не бил претепан во оваа борба. Ви ја оставаме статистиката на зададени удари во секоја рунда, за секој сам да процени дали било така.
Удари по рунди:
Рунда 1: Тешеира 12 – 46 Хил
Рунда 2: Тешеира 21 – 51 Хил
Рунда 3: Тешеира 17 – 44 Хил
Рунда 4: Тешеира 18 – 79 Хил
Рунда 5: Тешеира 7 – 12 Хил