Минатата недела Мароко беше погоден од силен земјотрес кој однесе повеќе од 2.000 животи.
Оваа катастрофа уништи многу животи и човечкото страдање е огромно. Помош почна да доаѓа од сите страни, а кралот на Мароко обезбеди и голема сума за помош на настраданите.
Светот на боречките вештини, кој има многу марокански борци, исто така презеде акција. Кик-бокс ѕвездата на Глори, Џамал Бен Садик се врати дома во Мароко за да им помогне на жртвите.
На својот Инстаграм профил „Голијат“ сподели фотографија на која се гледа како ја истовара помошта за настраданите. Оваа негова постапка е примена со голема почит од многу фанови.
Во август 2022 година Бен Садик го нокаутира Бенџамин Адегбај во првата рунда. По борбата беше откриено дека Џамал бил на стероиди, што резултираше со 15-месечна суспензија и поништување на неговата победа.
🔶 زلزال المغرب 🇲🇦 :
المغربي من بلجيكا 🇧🇪 جمال بن الصديق، لاعب الكيك بوكسينغ، متواجد في أولاد عيسى لمساعدة المغاربة. ♥️#المغربpic.twitter.com/QW8PRnWNBV
— KOF TV ۞ (الرياضة القتالية ) (@kof_Morocco_Ar) September 15, 2023
View this post on Instagram