Двократните светски шампиони Абдулрашид Садулаев и ТахаАкгул во Рио де Жанеиро стана и олимписки шампиони.
Русинот Садулаев во категоријата до 86 килограми во полуфиналето на слободен стил го победи олимпискиот шампион од Лондон, Шариф Шарифов со 8-1, а потоа во финалето со 5-0 Турчинот Селим Јашар.
Тоа беше трето злато за Русија во борење во Рио. Роман Власов (75 кг) и котвен Кран Чакветадзе (85 кг) освоија златни медали во грчко-римски стил.
Првото злато за Турција во борење на Игрите го освои Таха Акгул. Во репризата на финалето од Светското првенство од 2014 година, 25-годишниот Таха со 3-1 во финалето на категоријата до 125 килограми славеше против Иранецот Комеил Гасеми.
-86 кг, слободен стил
1.Абдулрашид Садулаев (Русија)
2.Селим Јашар (Турција)
3.Шариф Шарифов (Азербејџан)
3.Џ’ден Кокс (САД)
125 кг
1.Таха Акгул (Турција)
2.Комеил Гасеми (Иран)
3.Ибрахим Саидов (Белорсуија)
3.Гено Петреашвили (Грузија)