Двократен олимписки победник од Куба со Топ ранг почнува професионална кариера

Нешто помалку од една година откако пребега Робеиси Рамирез подготвен е да ја почне професионалната кариера.

Двократниот олимписки шампион потпиша договор со една од најдобрите компании Топ Ранг на Боб Арум.

25-годишниот левучар би можел да дебитира ова лето.

Рамирез го освои златото во мува категорија на Олимписките игри во Лондон во 2012 година и во бантам во Рио четири години подоцна.

Во финалето на Олимписките игри во 2016 година го победи Шакур Стивенсон, кој како и тој, и уште двајца други учесници од олимпискиот турнир, Мајкл Конлан и Владимир Никитин, член на Топ ранг. Конлан го победи во полуфиналето на ОИ во Лондон.

Рамирез се подготвуваше да го освои трето олимписко злато во Токио во 2020 година, со што ќе можеше да се приклучи на сонародниците Феликс Савон и Теофило Стивенсон, како и на Унгарецот Ласло Пап – единстевни освојувачи на три олимписки златни медали во бокс.

Но, наместо тоа, одлучи да оди по другиот традиционален пат за кубанските боксери.

Минатиот јули побегна од тренинг кампот на репрезентацијата во Мексико за време на подготовките за Игрите на Централна Америка и Карибите во Колумбија. Кубанскиот бокс доживеа удар во март минатата година, кога Јоанис Аргилагос побегна за време на турнирот во Мексико.

Рамирез и се придружи на кубанскиот олимписки победници Џоел Казамајор, Јуриорикс Гамбоа, Гилермо Ригондо и Олданиер Солис, кои исто така ја напуштија Куба за да најдат среќата во Америка во професионалниот бокс.

Покрај нив познати кубански бегалци се и Ерисланди Лара, Луис Ортиз, Рансес Бартелеми и Јорденис Угас.

Рамирез зад себе има искуство во ВСБ/ WSB каде што постигна 14 победи и 3 порази во тимот на повеќекратните прваци Куба Домадорес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON