Двократната олимписка шампионка во џудо го следи патот на Ронда Русеј

Kajla Harison portret vo kimono

Кајла Харисон е двократна олимписка шампионка во џудо, откако го освои златото и на Олимписките игри во Рио де Жанеиро победувајќи ја Французинката Одри Чемо во финалето во категоријата на 78 килограми.

Имајќи предвид дека и Ронда Русеј е медалистка од Олимписки игри, Харисон често добива прашања дали би го следела нејзиниот пат со кариера во мешаните боречки вештини.

Неодамна таа рече дека во светот на боречките спортови никогаш не треба да кажуваш „никогаш“. Харисон објасни, ако пред неколку години била на местото на Ронда Русеј, многу пред да стане толку популарно женското присуство во ММА, таа не би успеала да го привлече вниманието на масите на начин на кој Роуди Русеј го правела тоа во почетокот на кариерата.

„Никогаш не велам никогаш. Џудото е мојата прва љубов. Тоа ми е страста. Но, кој не сака да биде познат? Треба да си посебен тип на човек, но мислам дека би можела да влезам во октагонот и да претепам некого за многу пари“.

„Мислам дека Ронда беше на вистинско место во вистинско време. Таа беше совршен човек, која го изведе женското ММА на нивото на кое е сега. Ако бев јас, немаше да бидам толку успешна, едноставно, затоа што јас не сум Ронда. Тоа е вистината“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON