Во организација на Боречката федерација на Македонија викендов во Кочани почна реализацијата на проектот „Развој на националниот спортски систем“ чиј домаќин е БК Спартак, а истиот е поддржан од МОК (Македонскиот олимписки комитет) и (УВВ) Обединетото светско борење.
Обуката е поделена во два дела, првиот е теоретскиот дел кој се одржува во ресторанот „Аледар“, додека вториот, практичниот, ќе се реализира во салата за борење на БК Спартак, а ќе земат учество младите борачи на клубот.
Обуката опфаќа десет сесии со теоретска и практична настава кои ќе се спроведуваат во период од една година а на кои ќе бидат обучувани 21 тренер од македонските боречки клубови.
Задолжен за обуката е лиценцираниот предавач од УВВ, Ѓорѓи Сретков, инаку познат и признат бугарски боречки стручњак.