Две злата и сребро за борачите на Олимпија во Јамбол – Андреа Нисева најдобра борачка

Борачите Олимпија од Штип имаа забележителен настап на Меѓународниот турнир „Иван Крстев и Петко Дерменџиев“ во Јамбол, Бугарија, каде што освоиа 3 медали – 2 златни и 1 сребрен, а Андреа Нисева е прогласена за најдобра борачка на турнирот.

Медалите ги освоија:

62 кг Леон Стојанов – сребрен медал во У-15, 4 победи и 1 пораз
67 кг Александар Миланов – златен медал во У-17, 4 победи во кадети
58 кг Андреа Нисева – златен медал во У-15, 5 победи и најдобар борач на турнирот
62 кг Филип Тодоров У-15, победа и пораз

На турнирот настапија 140 борачи од Бугарија, Турција, Молдавија, Украина, Македонија и Романија.

Тренерот Методи Сичков е задоволен од постигнатите резултати и верува во уште поголеми резултати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО