Две победи со ипон на Хамза Јашари на младинските Олимписки игри за екипата на Москва (ФОТО)

Хамза Јашари го доби заслуженото признание за неговите квалитети и го оправда со две победи со ипон во мешаниот тим „Москва“ на младинските Олимписки игри во Буенос Аирес – Аргентина. Оваа екипа ја сочинуваа џудисти од Македонија, Молдавија, Монголија, Габон, Унгарија, Белгија и Панама.

Неговата екипа првата борба ја доби против Сингапур, настапувајќи без девојка на 78 кг, а во втората изгуби со резултат 3-4 од тимот на Лондон, при што Унгарецот на 100 кг, Сомбор Вег, не настапи за Москва.

Нашиот џудист во првата борба славеше против џудист од Јемен Ахад Ал-Сахер со ипон, а во втората, исто така со ипон, над Бразилецот Жоао Сантос.

Екипата Москва стигна до четвртфиналето, со победа ќе се пласираа во полуфиналето и во најмала рака ќе освоеја бронзен медал. Оваа е екипа е меѓу осумте најдобри.

Да потсетиме дека Хамза во поединечна конкуренција го освои деветото и е најреспектабилен резултат до сега на Олимпијадата.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО