Две години Олимпија, годинава освоени 80-тина медали

Боречкиот клуб Олимпија од Штип вчера одбележа дев години од постоењето во спортската сала на Основното училиште “Славејко Арсов”, каде што е базата клубот.

На прославаа присуствуваа сите борачи, пријатели и подржувачи на клубот.

„Од наша страна беа презентирани годинашниве учества и резултати на меѓународните и домашни турнири, околу 15 (петнаесетина),  од кои голем број беа меѓународни, каде Олимпија достојно го преставуваше Штип и Македонија. Освоени се околу 80 (осумдесетина) медали, како и неколку пехари за најдобри борачи и техничари на соодветните турнири, а во исто време на неколку турнири бевме и најуспешна екипа со најмногу освоени први места. Целосно е спроведен зацртаниот план и програма за тековната 2019 година, што не прави еден од најуспешните клубови во Општина Штип.

Вредно е да се спомене дека имаме повеќе талентирани и надежни млади борачи и борачки кој напредуваат и созреваат и се најсериозни кандидати за репрезентацијата на Македонија во наредниот период“, велат од Олимпија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО