Две атрактивни ММА воинки ги почестија фановите со атрактивни фотографии

Две одлични ММА воинки, Пејџ Ван Зант и Валери Луреда, решија да ги почестат обожавателите со привлечни фотографии пред празниците.

И двете се многу активни на социјалните мрежи и ретко пропуштаат можност да споделат убава фотографија или видео со следбениците.

Валери е член на Белатор и има само 600.000 следбеници на Инстаграм, но тој број расте секој ден.

И овие денови 22-годишната Американка со фановите сподели неколку атрактивни фотографии направени во Мајами.

„Зима во Мајами“, напиша Валери под објавата.

Непоразената Валери Луреда има три победи во професионалната кариера.

Нејзината колешка Пејџ Ван Зант е многу попопуларна на социјалните мрежи, и има 2,7 милиони следбеници на Инстаграм.

26-годишната Американка, исто така, објави неколку фотографии во последните неколку дена, покажувајќи колку ужива во сонцето.

Пејџ има осум победи и пет порази во својата професионална кариера, а од неодамна е член на Шампионатот во борба со голи раце.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО