АктуелноДруги вештиниТаеквондо

Душица Бреслиева не освои медал, но покажа како се бранат боите на Македонија на ЕМОФ

Ќе остане забелеажно дека Душица Бреслиева извојува две врзани победи на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) во Скопје, за жал, во најзначајната не успеа. Во мечот кој со пласман во полуфиналето обезбедуваше најмаку бронза, а и сефте за Македонија воопшто на ЕМОФ-и, таа загуби од Шпанката Клара Сесар со 0-2.  

Сепак, и ова е успех за Душица, бидејќи за релативнои кратко во таеквиндото, таа успеа да се наметне како сериозен натпреварувач, покрај успесите во каратето. Во иднина може да очекуваме медали од Бреслиева на големите натпревари, бидејќи таа има квалитети.

Резултати ЕМОФ:

-55
Душица Бреслиева – Матеа Јакобсен (Норвешка) 2-0
Душица Бреслиева – Анастасија Хаиворонска (Украина) 2-1
Душица Бреслиева -Карла Сесар (Шпанија) 0-2

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON