Српскиот ММА борец, Душан Џакиќ, најави дека неговата следна борба е на 24 октомври во Македонија, во Велес, и дека негов противник е Илија Андов.
„Силен борец! Не сакам многу да прогнозирам. Ракавиците се мали, гостински терен, а на „Ангелот на војната“ статистиката многу не му значи, бидејќи војната е непредвидливата убавина на животот. Единствено што ме радува во животот е тоа што повторно ќе се најдам очи в очи со некого кој сака да ми ја откине главата! Покрај тоа, чекајте ме на ФФЦ да ги поправам судиските грешки, како и по ринговите во Европа, но, ако даде Господ, и на еден прекуокенаски лет“, напиша спрската ММА ѕвезда Душан Џакиќ.
ipon.mk/В.Д.