Душан Џакиќ со победата на Мегдан 4 ја заврши кариерата

По една од најимпресивните победи во неговата ММА кариера, Душан Џакиќ одлучи истата да ја заврши. Веднаш по вчерашната борба на Меган 4, објави дека тоа е неговата последна борба.

Еден од најпопуларните борци во регионот го совлада младиот Максимилијан Граф од Германија со брутален нокаут уште со првиот вистински удар. Германцот по прекинот остана да лежи на подот, па дури и самиот „Киборг“ му помогнаа да се опорави од нокаут. Целиот СПЕНС ја поздрави големата победа на својот љубимец, а на карајот и се обрати на публиката.

„Ви благодарам за сè. Се извинувам ако некогаш некого сум го нервирал. Благодарам ако ме сакавте, ова е крај на кариерата“, рече Душан, по што замина од рингот да ја прослави победата со своите тимски колеги.

Водејќи се според податоците од Шердог, Душан Џаќиќ ја заврши кариерата со 23 победи и 11 порази. Дури 21 победа забележа со прекин, а само четири борби во кариерата му завјршија со судска одлука. Неговото прво појавување е во 2006 година, но вистинската популарност почнува да ја стекнува во 2008 година преку промоцијата Ноќ на боречките вештини. Во 2010-та се прослави со настапите во словенечката ВФЦ, по што настапува за промоцијата Тесла ФЦ, а во 2013 година се приклучи на ФФЦ. Во ФФЦ претрпе порази од Приможа Врбинац и Иван Глухак, а запиша победата над Бојан Коседнар. Всушност, меѓу нив двајца е створен еден од најпознатите ММА ривалитети во овој регион, а Коседнар подоцна се реваншира за тој пораз. Освен овие промоции, Џакиќ настапуваше на првите настани на денешниот голем СБЦ/SBC.

Поразот од Коседнар е всушност единствениот пораз на Џакиќ во последните седум борби и ја завршува кариера со многу добра серија. Сепак, здравствените проблеми и се помалата глад за борби, за кои повеќе пати зборуваше, се причина да заврши со борбите. Се разбира, ќе остане во салата и дека ќе биде голема поддршка на своите колеги и млади борци, на кои секогаш беше подготвен да и даде совет.

Навивачите ќе го паметат по комбинацијата на испади со безобрзано зборување, но и по некои настани каде што се покажа како момче со меко срце и голем емотивец. Душан е голем љубител на животни и е редовен учесник во разни акции за собирање на средства за помош на истите.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО