Даниел Дубоа и Aлександар Усик денеска одржаа прес-конференција во Лондон на која ги коментираа нивните подготовки пред големата шампионска борба во Полска следниот месец. Британецот покажа почит кон шампионот, но изрази подготвеност да ја прекине неговата доминација.
„Појасите доаѓаат со мене. Дефинитивно е мое време. Усик беше голем шампион, но како што реков претходно, се што има почеток мора да има и крај“, изјави Дубоа.
Тие ќе се соочат во рингот на 26 август во Вроцлав пред 40.000 гледачи. Тоа значи дека секој од нив има месец и половина да се подготви за да даде причини да ги скандираат нивните имиња.
Daniel Dubois is ready to rumble and take the belts from Oleksandr Usyk! 🥊#UsykDubois | August 26 | Live on TNT Sports pic.twitter.com/nfoMoa9kGw
— Boxing on TNT Sports (@boxingontnt) July 13, 2023