Дубоа со нокаут ја освои титулата за млади боксери на ВБЦ (ВИДЕО)

Даниел Дубоа (4-0, 4 КО) го освои првиот професионален појас.

19-годишниот англиски тешкаш со нокаут во втората рунда против Маурисио Бараган (15-2, 8 КО) во Лондон го освои испразнетата титула на ВБЦ Јут (титули за млади боксери).

Дубоа по само 13 секунди го собори немоќниот Уругваец кој е во последен момент го замени Мексиканецот Хулијан Фернандез. Го заврши со аперкат во телото на средината на втората рунда.

Дубоа во борбата влезе со 105 килограми, додека Бараган имаше само 90.

https://youtu.be/ggPcQX1WzmM

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО