Дубоа го потисна Хрговиќ и стана прв предизвикувач на Александар Усик за светската титула

Боксерскиот промотер Еди Херн, минатиот месец откри дека Филип Хрговиќ наскоро би можел да се бори за титулата во ИБФ.

Имено, ИБФ ќе му нареди на Александар Усик да ја брани титулата против хравтскиот тешкаш, а доколку Украинецот го одбие мечот би го загубил појасот.

Веднаш Хрговиќ и неговиот тим истакнаа дека не сакаат да дозволат изземање на Усик и ќе продолжат да инсистираат на нивна пресметка.

Но, во наредните денови ништо не се случи, а Усик сепак не ја криеше желбата да боксира против шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури.

Украинецот неодамна го следеше натпреварот во кој Кралот на Ромите го совлада Чисора од првиот ред покрај рингот.

Усик се надева дека наскоро би можел да договори борба против Фјури за апсолутен шампион, а неодамна неговиот менаџер Егис Климас потврди дека преговорите се при крај.

Според него, судирот треба да се случи на 4 март, најверојатно во Саудиска Арабија.

А според последните информации, Филип Хрговиќ повеќе не е првиот предизвикувач на Александар Усик, туку Даниел Дубоа.

Британскиот боксер е носител на титулата ВБА (Регуларна). Тоа е титулата што ВБА ја воведе во 2000 година за да го заштити шампионот.

Доколку шампионот на ВБА освои една од тие три титули (ВБЦ, ИБФ, ВБО), тој станува супер шампион на ВБА, а потоа им се воведува можноста за освојување на Регуларната титула на другите боксери.

Но, ВБА постепено ја укинува во сите тежински категории. На состанокот на боксерските организации се постави прашањето чиј предизвикувач ќе биде следниот противник на Усик.

Прво, предност има ИБФ, што значеше дека Филип Хрговиќ има предност да се бори со Усик, но на крајот одлуката отиде во корист на ВБА и нивниот редовен шампион Даниел Дубоа.

Последен пат предизвикувач на ВБА стана задолжителен предизвикувач во септември 2018 година, кога Ентони Џошуа мораше да ја брани титулата против Александар Поветкин.

Дубоа е претставен од Френк Ворен и Квинсбери промоушнс, кои се занимаваат со кариерите на Фјури и Џојс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО