Британскиот борец Даниел Дубоа го шокираше светот на боксот во септември кога со брутален нокаут во петтата рунда го победи поранешниот двократен шампион Ентони Џошуа за да го одбрани шампионскиот појас во тешка категорија на ИБФ.
Дубоа сега е подготвен за нови предизвици, а неговиот следен меч најверојатно нема да биде реванш против Еј Џеј, бидејќи неговиот сонародник нема да може соодветно да се подготви до февруари следната година. Имено, враќањето на Даниел беше најавено за тоа време.
Иако шампионот на ИБФ повеќе би сакал борба за апсолутен светски првак, односно борба против подобриот од дуелот меѓу Усик и Фјури кој е закажан за 21 декември, тешко дека желбата наскоро ќе му се исполни.
Промоторот Френк Ворен го спомна Фабио Вардли, кој неодамна го нокаутира во првата рунда Фрејзер Кларк, како потенцијален кандидат за следен противник на Даниел.
Деновиве Дубоа беше прозван од поранешниот шампион на ВБО, Новозеландецот Џозеф Паркер, кој моментално го држи привремениот шампионски појас на истата организација.
„Дубоа изгледаше одлично против Џарел Милер, Филип Хрговиќ и Ентони Џошуа. Но јас сум поинаков. Јас сум квалитетен, гладен за успех и подготвен за борба. Чекав голема борба од март, ајде сега“ – изјави Џозеф Паркер (35-3, 23 КО), кој има пет победи во низа, а особено големи беа последните две против Дионтеј Вајлдер и Жилеј Жанг.
Joseph Parker has called out Daniel Dubois for Feb 22nd: “He looked great with vs Jarrell Miller, Filip Hrgovic and Anthony Joshua. But there's a difference. I'm fresh, I'm hungry and ready to go. I've been waiting since March for a big fight, let's get it on now.” [@talkSPORT] pic.twitter.com/veBABXw57k
— Michael Benson (@MichaelBensonn) November 3, 2024