Тренерот на Кик бокс клубот „Будо“ од Кавадарци и Демир Капија, Александар Ристовски, не извести дека вчера не учествувале на Државното првенство во дисцлипните лоу кик и кик лајт.
„Значи, ние како клуб не учествувавме на Првенството, исто така и останатите клубови од Велес, Струмица, Битола, Ресен, Гостивар, Неготино, Штип, Делчево и три клуба од Скопје. Првенството било одржано со помал број на натпреварувачи, на татами без ринг“, вели Ристовски.
Тој ја прашува претседателката Александра Неделковска зошто на последните неколку првенства интересот на клубовите за учество е се помал? Каде се движи кик боксот и дали имаат стратегија за излез од оваа криза?
Според Ристовски ова Државно требало да биде изборно за Европското првенство.
Претседателката на Кик бокс федерацијата на Македонија за Ipon.mk вели дека Ристовски треба да се обрати во Федерацијата за се што е сврзано со кикбоксот во нашата земја, бидејќи има Извршен одбор и комисии кои можат да одговорат на сите прашања.
„КБК Будо се уште е придружен член на Федерацијата. Не дојде со клубот бидејќи нема сениори. Легитимно право е на клубот дали ќе учествува или не, без разлика дали е изборно првенство или не. Криза нема. Секогаш имало различен број на клубови кои учествуваат на првенствата“, категорична е Неделковска.
Ipon.mk/В. Д.