Кик боксинг федерацијата на Македонија на 19 септември во Скопје го организира Државното првенство за сениори во лоу кик, К-1 и лајт кик.
Од техничкиот организатор на првенството, КБК Каринг од Скопје, однонсо тренерот Александар Стојковски, истакнува дека со пртеседателката Александра Неделковска решиле првенството да му го посветат на неодамна починатиот великан на каратето, Димче Кичевски, кој неколку години беше активно вклучен во кикбоксот, како судија, а едно време и како стручно лице. Кичевски заедно со Љупчо Неделковски му дадоа нов печат на овој спорт и остварија забележителни успеси.
ipon.mk/В.Д.