ГСП: Ројс Грејси е најголемиот на сите времиња!

Sent Pjer i Grejsi

Поранешниот шампион во полусредна категорија на УФЦ, Жорж Сент Пјер е во листата на најголеми ММА натпреварувачи. Но, во едно неодамнешно интервју Канаѓанецот рече дека неговата инспирација е Ројс Грејси.

 „Додека одев на училиште, бев многу малтретиран. Секогаш бев помал од останатите и тие се подигруваа со мене. Гледајќи човек како Ројс, кој тежеше 77 килограми, но и покрај тоа излегуваше и победуваше гиганти и луѓе со многу импресивни димензии, бидејќи предтходно немаше категории, тоа ме натера да се замислам дека јас се борам така со насилниците од училиштето.

 Во Ројс Гледав инспирација и затоа толку многу го сакам.

Она што тој го направи за овој спорт, никогаш нема да се повтори од никого, кога и да е . Тој е најголемиот на сите времиња и секој треба да го почитува тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО