Државно првенство: Лирија доминантна, повратниците без милост, Вардар и Тефејуз бојкотираа (ФОТО)

Денеска во Велес се одржа Државното првенство во борење за сениори и кадети, а Лирија е најдобра во екипна конкуренција кај сениорите пред Балканец и Бучим.

 

Вардар и Тефејуз го бојкотираа Државниот шампионат, што се одржа на квалитетот во некои категории. Од друга страна, повратниците на душекот Дејан Митров, Бесмир Весели, Ертан Реџепи и Александар Стојанов кој дојде од Германија, не дозволија изненадување и станаа шампиони на Македонија. Екипите на Студеничани и Ускана се наметнаа со резултаите на првенството.

Лирија има 4 правци, Балканец 2, Бучим  и Студеничани по 1.

Во кадетска конкуренција исто така триумфираше Лирија, а ја следат Балканец и Борец во екипниот дел. Во оваа конкуренција во три категории имаше само по еден борач. Лирија доби пет државни прваци, Балканец 3, Студеничани и Борец по 1.

На првенството имаше 85 учесници.

Резултати
Сениори

57 кг
1.Минир Реџепи – Лирија
2.Халит Османи – Лирија
3.Ѓорги Божинов – Бучим
3.Џан Демиров – Балканец

61 кг
1.Елмедин – Сејфулаху – Лирија
2.Герче Батески – Бучим

65 кг
1.Фати Вејсели – Студеничани
2.Шаип Брава – Лирија
3.Леонардо Насески – 7 Мај Леов
3.Андреј Наков – Безбедност

70 кг
1.Ријад Реџепи – Лирија
2.Ружди Елези – Лирија
3.Абдулфета Османи – Лирија
3.Борче Нацев – Борец

74 кг
1.Дејан Митров – Балканец
2.Бесим Муртезани – Студеничани
3.Омер Сејфудан – Студеничани
3.Александар Здравев – Бучим

86 кг
1.Мики Тодоров – Балканец
2.Горан Атанасов – Бучим
3.Дејан Спасоски – Балканец
3.Александар Донев – Балканец

97 кг
1.Бесмир Весели – Лирија
2.Михаил Николов – Балканец
3.Орхан Ибраимоски – Ускана
3.Бобан Савев – Балканец

125 кг
1.Александар Стојанов – Бучим
2.Мите Здравев – Бучим
3.Рамазан Бакија – Лирија
3.Кристијан Крстев – Бучим

Кадети

42 кг
1.Омер Феруку – Лирија

46 кг
1.Мухамед Феруку – Лирија

50 кг
1.Земри Авдили – Студеничани

54 кг
1.Мартин Стојанов – Балканец
2.Арбен Абази – Студеничани
3.Омер Ибраими – Ускана

58 кг
1.Давид Мишев – Балканец
2.Аќиф Азизи – Ускана
3.Љутфи Бајрами – Лирија
3.Ресул Бектеши – Лирија

63 кг
1.Орхан Џафери – Лирија
2.Филип Тасев – Балканец
3.Филип Стојков – Балканец
3.Арсим Беќировски – Студеничани

69 кг
1.Сакип Мемеди – Лирија
2.Христијан Георгиевски – Спартак
3.Аган Лика – Лирија

76 кг
1.Петар Тодев – Балканец
2.Алекс Петрушев – Балканец
3.Ермал Рамадни – Лирија
3.Алдин Дулови – Лирија

85 кг
1.Кадир Камбери – Борец
2.Петар Костов – Спартак
3.Арменд Рустеми – Ускана
3.Стефан Јованов – Бучим

+85 кг
1.Увејс Сејфулаху – Лирија
2.Ангелче Јорданов – Борец
3.Давид Камчевски – Борец
3.Бобан Панов – Балканец

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON