Државно џудо првенство: Пролетер со три титули во машка и Миоки со две во женска конкуренција кај сениорите

На Државното првеснтво во џудо за сениори кое вчера се одржа во Прилеп екипата на Пролетер освои три шампионски титули и по 1 сребрен и бронзен медал кај сениорите и Миоки со 2 златни, 4 сребрени и 3 бронзени кај сениорките се најуспениште екипи.

Во машка конкуренција по една титула освоија џудистите на Миоки (2 сребра и 4 бронзи), Сеишин (по 1 сребрен и бронзен медал, Работнички (1 сребрен) и Ипон (1 сребрен и 3 бронзи), натпреварувач на Дрим освои сребрен, а со бронзи зе закитија џудоките од Кожувчанка, Пелистер и Гладијатор.

Поради работни обврски на првенството не се појави Игор Станоевски од Вардар, кој е носител на единстевниот балкански медал во сениорска конкуренција кај мажите.

Ипон со две титули е зад екипата на Миоки, а по една титула освоија Сеишин и Пролетер (2 сребра и 3 борнзи). Екипата на Бушидо освои по едно сребро и бронза, а второ место има и Гладијатор.

Најголемото изненадување на женскиот дел од турниурот го направи Амра Фејзула (-63 кг) која ја совлада олимпијката Катерина Николоска.

Во женска конкуренција евидентно беше малиот број на натпреварувачи, посебно во категориите -70, -78 и +78 кг имаше по две натпреварувачки, во -52 и – 63 по три.

Сениори:

–  60 кг

1.Никола Велески – Пролетер

2.Јордан Ѓорѓиески – Пролетер

3.Резарт Хусеини – Ипон

3.Горан Крстановски – Миоки

66кг

1.Борче Ангелов – Пролетер

2.Марио Тошески – Сеишин

3.Мартин Тодорчески – Сеишин

4.Хамза Јашари – Миоки

73кг

1.Владимир Стојаноски – Пролетер

2.Еди Шерифовски – Миоки

3.Дурим Шакири – Ипон

4.Ангел Динов – Миоки

81 кг

1.Артан Рушити – Миоки

2.Омер Зендели – Работнички

3.Никола Станоев – Кожувчанка

3.Марко Паноски – Пролетер

90 кг

1.Бобан Глигуроски – Сеишин

2.Андреј Чакаровски – Дрим

3.Стојанчо Стојчев – Миоки

– 100 кг

1.Един Дураковиќ – Работнички

2.Бобан Савев – Миоки

3.Семир Авдиќ – Ипон

+ 100кг

1.Филип Јовески – Ипон

2.Ариф Сејди – Ипон

3.Александар Алексов – Гладијатор

3.Филип Макалоски – Пелистер

 Сениорки:

 – 48 кг

1.Теодора Димеска – Пролетер

2.Теодора Ристеска – Бушидо

3.Марија Талеска – Бушидо

– 52кг

1.Наталија Динова – Миоки

2.АнаМарија Трајческа – Пролетер

3.Ивана Никодиновска – Миоки

– 57кг

1.Берна Шерифовска – Миоки

2.Ана Димитровска – Миоки

3.Христина Дескова – Миоки

4.Ивана Кормушоска – Пролетер

– 63 кг

1.Амра Фејзула – Ипон

2.Катерина Николоска – Миоки

3.Александра Макеска – Пролетер

– 70 КГ

1.Ангела Велковска – Моки

2.Магдалена Бојаџиска – Миоки

– 78 кг

1.Анастасија Качаниклич – Ипон

2.Стефани Ивановска – Миоки

+ 78кг

1.Александра Најдоска – Сеишин

2.Драгана Савева – Гладијатор

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON